АД „Македонска пошта“ Скопје ја известува јавноста дека во моментов не организира наградна игра преку SMS пораки, Интернет пребарувачи, facebook и други социјални мрежи и во блиска иднина нема да организира таква наградна игра.
Со оглед на тоа што до нас се обратија голем број корисници, Ве известуваме дека се работи за манипулирање на јавноста преку лажна наградна игра, при што е злоупотребено името на компанијата.
АД „Македонска пошта“ – Скопје , Ве советува да бидете исклучително внимателни со Вашите лични податоци, особено додека сте на Интернет.
АД „Македонска пошта“ – Скопје никогаш нема да побара да споделите лични и други податоци од доверлив карактер (матични броеви, адреси, ПИН кодови, лозинки, броеви на сметки, картички и сл.) преку социјалните мрежи.
АД „Македонска пошта“- Скопје се оградува од сите лажни страници и профили на социјалните мрежи кои неовластено го користат нејзиното име. Доколу сакате редовно да се информирате за сите новитети и да поставувате прашања, следете ја официјалната страна на АД „македонска пошта“ – Скопје на следниот линк https://www.posta.com.mk/.