Share the post "Седумдесет и пет годишнината од холокаустот на македонските Евреи во Втората светска војна"
Седумдесет и пет годишнината од холокаустот на македонските Евреи во Втората светска војна, годинава ќе биде одбележана и со поштенска марка
Македонска пошта одлучи да даде свој придонес, но воедно и да стави впечаток, едно обележије кое ќе не потсети сите нас долго време на овој настан.
Генералниот директор на Ад „Македонска Пошта“, г.Ејуп Рустеми денес имаше средба со амбасадорот на Израел во Македонија г.Дан Ориан.
На средбата разговараa за издавањето на поштенската марка „75 години од депортацијата на Евреите од Македонија“. Поштенска марка е издадена 19.09.2018 год, со номинална вредност од 50 денари и тираж од 6000 примероци, дизајнот е на Татјана Поцевска.
Амбасадорот на Израел г.Ориан се заблагодари на Македонска Пошта за превземената иницијатаива за промоција на ова марка. Затоа може да констатираме дека поштенските марки се своевиден амбасдор. Во знак на почит и благодарност Генералниот директор г.Ејуп Рустеми подари посебен примерок од поштенската марка 75 години од депортацијата на Евреите од Македонија“.