Посета од страна на високи претставници на Тему
Врз основа на јавниот оглас за вработување објавен на 22.07.2025 година, 79 (седумдесет и девет) лица потпишаа решенија за засновање на работен однос на неопределено време во АД Пошта на Република Северна Македонија.
Најголем дел од новопримените вработени ќе бидат ангажирани во рамки на технолошкиот процес – на шалтерски работни места и како доставувачи. Со ова се очекува значително унапредување на квалитетот и ефикасноста на услугите што Пошта им ги нуди на своите корисници.
Им посакуваме добредојде и многу успех во извршувањето на работните задачи, со верување дека нивниот придонес ќе претставува додадена вредност за институцијата и граѓаните.
Related posts