Share the post "Работно време за 14.04.2023 година (петок) и 17.04.2023 година (понеделник)"
На ден 14 април 2023 година (петок), Велики Петок, Петок пред Велигден, неработен ден за припадниците од православна вероисповед, согласно Законот за празниците на Република Северна Македонија (Сл. Весник 21/98 и 18/07), АД „Пошта на Северна Македонија“ Скопје организира работење на поштенски единици во надлежност на следните подружници:
– ЦРПС Скопје 1;
– ЦРПС Куманово;
– ЦРПС Тетово;
– ЦРПС Гостивар;
– ЦРПС Кичево;
– ЦРПС Охрид и
– ЦРПС Велес.
Списокот на сите поштенски единици кои ќе работат на ден 14.04.2023 година може да се види ТУКА.
На ден 17.04.2023 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, дежурна пошта ќе има на подрачје на град Скопје и тоа Пошта 1130 Скопје 30 лоцирана во Трговски Центар Ист Гејт со работно време од 10.00 до 17.00 часот.
АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје, на сите корисници на услуги од православна вероисповед им посакува среќни и весели празници.