Посета од страна на високи претставници на Тему
Во работна посета на поштенската единица Дебар денес беа генералниот директор на Пошта на С. Македонија Орхан Куртиши и заменик директорот на Управата за јавни приходи Фисник Мела.
Целта на посетата е запознавање и подобрување на тековното работење на поштенската единица, со цел, квалитетни услуги за корисниците на поштенски услуги.
Генералниот директор Куртиши ја изрази подготвеноста на менаџерскиот тим за постојана и плодна соработка со надлежните институции, со цел Пошта на С. Македонија да нуди совремни услуги за сите граѓани во земјата.
Related posts