Share the post "Работилница – Поштенските услуги како јавен интерес и актуелните состојби во Европската Унија и во Република Македонија"
Поштенските услуги како јавен интерес и актуелните состојби во Европската Унија и во Република Македонија беше тема на работилницата која се одржa на 06 февруари 2018 год. организирана за високиот и средниот менаџмент на Македонска пошта. Во своето воведно излагање генералниот директор на Македонска пошта г.Фаадис Реџепи рече: „ успешното справување со предизвиците со кои се соочувате е можно само со ново компаниско учење, учење на опкружувањето во кое Пошта делува, вклучувајќи ја законската и подзаконската регулатива, конкуренцијата и потребите на корисниците на пазарот. Ве повикувам да покажете професионалност, посветеност и лојалност кон компанијата, вие да бидете тие кои ќе сплотуваат на патот за постигнување на заедничката цел – успешна компанија со задоволни корисници и вработени“.
Во вториот дел од работилницата говореше проф.д-р Љубомир Кекеновски кој се осврна на актуелните состојби и предизвици во поштенскиот сектор во Европската Унија, регулација во јавниот сектор Европска унија/Р.Македонија, поштенските услуги како јавен интерес, поштенскиот пазар во Р.Македонија и управувањето во претпријатијата кои извршуваат услуги од јавен интерес, ефикасност/неефикасност.