Share the post "Протокол за постапување во услови на вонредна состојба"
Протокол за постапување на АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје во услови на вонредна состојба
Во согласност со Уредбата за примена на Законот за поштенски услуги за време на вонредна состојба донесена од страна на Владата на РСМ, АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје донесе Протокол за постапување во услови на вонредна состојба.
Со овој протокол се утврдуваат активностите кои АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје ги спроведува во услови на вонредна состојба, со цел спречување на ширење на заразата, заштита на здравјето на нашите вработени и на корисниците на поштенските услуги, како и што побезбедно и поедноставно спроведување на сите поштенски услуги.
АД „Пошта на Северна Македонија“- Скопје ги спроведува следните активности:
- Организира редарство во поштенските единици, со цел, спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу корисниците од минимум 2 метри пред и внатре во објектот.
- Постави ознаки со кои се обележува правец на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на корисниците на поштенски услуги пред и внатре во објектот.
- Во поштенски единици со еден вработен, а во кои не може да се организира редарство, на влезната врата постави известување за корисници за протокол за влез и излез при користење на поштенски услуги.
- Организира работа во поштенските единици, така што помеѓу шалтерските места да постои препорачаното растојание.
- Дозволува влез на 1 до 5 лица во поштенските единици во зависност од просторот за корисници, во принцип бројот на корисници да биде еднаков на бројот на шалтери во поштенската единица кои се во функција.
- Дозволува влез исклучиво на лица – корисници на поштенски услуги, кои носат заштитна маска, марама или шал со кои ќе бидат покриени устата и носот на корисниците, кои влегуваат во поштенските единици.
- Постави средства за дезинфекција, со цел, корисниците да се дезинфицираат при влез во поштенската единица.
- Спроведува превентивна дезинфекција на сите поштенски објекти.
Заради заштитата на здравјето, се повикуваат сите корисници на поштенски услуги на доследно почитување на превентивните мерки од АД „ Пошта на Северна Македонија“ – Скопје и од Министерството за здравство:
- Бидете трпеливи, чекајте во ред пред поштенските единици и одржувајте најмалку 2 метри растојание од лицата околу вас, пред и во поштенските единици;
- Почитувајте ги препораките на редарите и влегувајте во поштенската единица еден по еден, т.е откако редарот ќе ви дозволи, односно корисникот пред вас ќе излезе од поштенската единица.
- Дајте им предност на корисниците постари од 67 години, кои се опслужуваат во одреден период од денот;
- Задолжително носете заштитна опрема (маска, марама, шал), во спротивно нема да ви биде дозволен влез во поштенските единици.
Ви благодариме што ги почитувате мерките, затоа што ако се штитите себе си, ги штитите и другите.