Македонска пошта во соработка со Агенцијата за пошти и Сојузот за грижи и воспитување на деца на Р.Македонија, а на иницијатива на Светскиот поштенски сојуз го организираше натпреварот за најдобар литературен состав, по повод 9-ти Октомври, Светскиот ден на Поштата. Темата која беше зададена од Светскиот поштенски сојуз за оваа година е „ Замисли си дека си писмо што патува низ времето“.
Комисијата во состав:Горјан Петревски, писател и претставник од Сојузот за грижи и воспитување на децата на РМ, Мустафа Ибраими, универзитетски професор, Марија Таушанска, претставник од Агенција за пошти и Валентина Цветкоска доделија награди за прво, второ и трето место, а пет литературни творби беа наградени.
Најдобриот состав, писмо на Тодор Пењушков од ОУ „Димката А. Габерот од с.Ваташа, Кавадарци е испратено до Меѓународното биро на Светскиот поштенски сојуз во Берн, Швајцарија, каде ќе се натпреварува со останатите литературни состави од сите земји, членки на Светскиот поштенски сојуз.
Љуљеса Пајазити од ОУ „Кирил и Методиј“ од Тетово добитник е на втората награда, а Пандора Манева од ОУ „Никола Карев“ од Кочани го освои третото место. Пофалени се следните ученици: Михаела Николовска, ОУ „Александар Македонски“, Ивана Дачевска, ОУ „Тихомир Милошевски“, Суела Рушити, ОУ „Фан Ноли“, Моника Алексовска, ОУ „Х.Т.Карпош“ и Михаела Здравковска од ОУ „Св. Климент Охридски“.
Светскиот ден на Поштата се прославува секоја година на 9-ти Октомври, а целта на овој литературен конкурс е да се подобри уметноста на пишаниот збор, вештините на изразувањето, а во исто време и негување на традицијата на пишување писма.