Share the post "Промоција на поштенска марка „25 години од основањето на Тетовскиот универзитет”"
Денес, во просториите на Тетовскиот универзитет беше промовирана поштенска марка „25 години од основањето на Тетовскиот универзитет”. На денешната промоција, генералниот директор на Пошта не Северна Македонија Ејуп Рустеми истакна: „За нас, како претставници на Пошта на Северна Македонија, овој ден е од посебно значање, бидејќи ја одбележуваме и славиме 25-годишнината на оваа институција потсетувајќи се на жртвувањето на сите албански семејства”.
Затоа издаваме поштенска марка со тираж од 6000 примероци со номинална вредност од 50 денари. Ја избравме оваа годишнина за да говориме за иднината, истовремено почитувајќи го и незаборавајќи го минатото.
Ректорот на Тетовскиот универзитет проф.др. Вулнет Амети, исто така го поздрави издавањето на поштенската марка која за дизајн го има логото и зградата на Тетовскиот универзитет.
Проф.др.Вулнет Амети и изрази благодарност на Пошта на Северна Македонија за издавањето на поштенската марка на оваа јубилејна година за Универзитетот: „Ме радува фактот што денес се обединивме за да ја објавиме поштенската марка пред целата јавност, која од денес и официјално ќе биде пуштена во оптек во поштите во земјата”.
Преку поштенските марки се промовира историјата, образовно-научната дејност, ликови и дејности и се едниствени амбасадори кој ги поминуваат границите.