Share the post "Промоција на поштенска марка посветена на Јашар Беј Шкупи"
Промоција на поштенска марка посветена на Јашар Беј Шкупи
“100 години од смртта на Јашар Беј Шкупи “ е поштенската марка која се промовираше денес во Општина Чаир.Поштенската марка ја промовираше генералниот директор на Македонска пошта Ејуп Рустеми, кој по овој повод истакана: „Македонска пошта има чест да ја претстави нашата историја, настаните,личностите и важните случувања, не само преку традиционалните поштенски услуги како испораката на пратките,туку и преку издавање на посебните марки, кои низ години следеле настани,историја и личности.
Како и во другите држави така и во Северна Македонија филателијата е дел од културата и е тесно поврзана со историјата.На поштенската марка е претсавен неговиот лик и истата е пуштена со номинална вредност од 50 денари и со тираж од 6000 примероци.
Филателијата на Македонска пошта и во иднина ќе се залага преку поштенските марки да се испочитуваат делата на значајните личности.
На промоцијата присуствуваше и градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу и директорот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците Скендер Асани.