Share the post "Промоција на поштенска марка „Северна Македонија на Европско првенство во фудбал 2020“"
Историскиот настап на македонска репрезентација АД „Пошта на Северна Македонија“ го овековечи на поштенска марка.
На промоцијата, генералниот директор, Јани Макрадули истакна дека со оваа поштенска марка, ние вработените во Пошта го даваме својот придонес за успехот на нашите репрезентативци и радоста која ни ја приредија на сите нас. За жал поради ковид мерките, иако договорени, со нас на денешната промоција не се присутни селекторот и играчите на македонската фудбалска репрезентација. Во име на Пошта на С. Македонија на нашите репрезентативци им посакувам успех на претстојното Европско првенство.
Наумче Мојсоски, директорот на Агенцијата за млади и спорт порача дека нашите фудбалски херои го заслужуваат ваквиот гест и поштенска марка во нивна чест. Се надевам дека до почетокот на отворањето на ЕП ќе собереме сили што повеќе граѓани да присуствуваат на трибините во Букурешт. Како спортист знам дека не е исто, да се игра со полни и пред празни трибини, изјави Мојсоски.
Успех на фудбалерите им посака и поранешниот младински репрезентативен Минас Османи. Со пласманот се исполни сонот на многу генерации и нашата држава првпат учествува на овој голем настан. Се надевам дека целата репрезентација ќе ја послужи здравје и ќе нè претстави на најдобар начин. Го поздравувам и претседателот на ФФМ, Сејдини, бидејќи тој заедно со играчите и селекторот Игор Ангеловски ќе биде запишан со златни букви во историјата поради придонесот во фудбалот, истакна Османи.
Марката е издадена во тираж од 6000 примероци, а номиналната вредност е 181 денар.