По повод 100 годишнината од ослободувањето на градот Скопје, се организираа ред културно-уметнички активности во главниот град на Р.Македонија.
Во чест на овој ден се промовираше и поштенска марка со наслов “Зани и Малеве”, која опфаќа мотиви од музичкиот оркестар основен од страна на патриотот, Кол Бојаџиу односно таткото на Гонџе Бојаџиу. Во склоп на активностите Македонска пошта одлучи да даде свој придонес не само во одбележувањето на овој ден, но воедно и да стави впечаток, едно обележје кое ќе не потсети сите нас долго време на овој историски настан и овој јубилеј. Поштенската марка “Зани и малеве” како амбасадор на градот ќе ја промовира историјата на албанците во различни градови и насекаде, и ќе биде една од сведоштвата на историските вредности на минатото на градот Скопје”, рече по тој повод генералниот директор на Македонска пошта Г-дин Рафис Аљити. Во знак на благодарност на востаниците кои го ослободиа градот Скопје, директорот на А.Д. Македонска пошта, г-дин Рафис Аљити, му подари на роднината на патриотот Идриз Сефери, еден посебен примерок од поштенската марка “Зани и малеве”.