Share the post "Промоција на поштенската марка „75 години од ослободувањето на градот Скопје“"
Промоција на поштенската марка „75 години од ослободувањето на градот Скопје“
Заедно создаваме и твориме во градот на солидарноста и хуманоста, истакна генералниот директор на Пошта Северна Македонија, г.Ејуп Рустеми на промоцијата на поштенската марка по повод „75 години од ослободувањето на градот Скопје“.
Скопје на поштенските марки е можност повеќе да го претставиме нашиот град, неговите културно – историски спменици, архитектура, околината, Скопје пред земјотресот, старата чаршија, занаетите. Да, и ние како институција заедно живееме, твориме и се менуваме како што се менува и главниот град. Во тоа е и убавината на долгогодишната соработка помеѓу Градот Скопје и Поштата на Северна Македонија, претставена низ поштенските марки, потенцираше Рустеми.
Автор на поштенската марка е Лариса Донев, издадена е во тираж од 6000 примероци, а номинална вредност е 100 ден.