Share the post "Промоција на поштенската марка „Меѓународна година на периодниот систем на елементите“"
Промоција на поштенската марка „Меѓународна година на периодниот систем на елементите“
Во годината кога се одбележуваат 45 години од првиот број на Македонското списание за хемија и хемиско инженерство и 150 години од Периодниот систем на елементите, во Институтот за хемија беше промовирана поштенската марка „Меѓународна година на периодниот систем на елементите“.
Промовирајќи ја поштенската марка, генералниот директор Ејуп Рустеми рече: „ Ако во 2011 година преку поштенска марка ја одбележавме заедно „Годината на хемијата“, денес почитувани заедно ја одбележуваме „Меѓународната година на периодниот систем на елементите“.Ова нека биде уште една марка во богатата колекција на домашните и странските филателисти, и потврда дека заедно можеме да придонесеме кон афирмација на нашата Држава и заедничките вредности“, заклучи Рустеми.
Дизајнот на поштенската марка е на Лоран Куфало, издадена е во тираж од 6000 примероци, а номиналната вредност е 50 ден.