Share the post "Промовирана поштенска марка 75 години од основањето на Сојузот на филтелисти на Македонија"
Со промоција на поштенска марка, денес беше одбележан јубилејот „75 години од основањето на Сојузот на филтелисти на Македонија“.
Во оваа прилика генералниот директор Орхан Куртиши честитајќи го јубилејот потсети на важноста од постоење на Сојузот на филателисти на Македонија и истакна „ Поштенските марки претставуваат уметнички дела од кои може да се научат важни и интересни нешта за земјата од која потекнуваат. Така што, токму од овие мали уметнички дела учиме за јубилеи, настани, историски личности, но исто така и за спортски случувања и натпревари. Затоа, не е премногу ако кажам дека тие се амбасадори на земјата и наши претставници во светот“, заклучи генералниот директор Куртиши.
За значењето на Сојузот зборуваше и претседателот на Сојузот на Филателисти Синиша Павлески, а беа доделени и плакети на филателисти за нивниот придонес во развојот на филателијата.
Автор на марката е Синиша Павлески, издадена е во тираж од 6000 примероци, а нејзината номинална вредност е 36 ден.
Македонски










