Посета од страна на високи претставници на Тему
Share the post "Промовирана поштенска марка „2023 – Претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ“"
По повод претседавањето на Република Северна Македонија со ОБСЕ и претстојниот Министерски состанок на ОБСЕ во Скопје, генералниот директор, м-р Бујаре Абази и министерот за надворешни работи Бујар Османи ја промовираа поштенската марка „2023 – Претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ“.
„Подадената рака, хуманоста и заштитата на луѓето не познава граници и треба да биде во фокус на нашата работа. Преку поштенската марка не само што се претставува земјата, туку се испраќа и силна порака, истакна Абази.
Автор на марката е Александар Јосифовски, испечатена е во тираж од 2000 примероци, а номоналната вредност е 100 ден.
Related posts