Share the post "Промовирана поштенска марка по повод сто години од раѓањето на Алија Изетбеговиќ"
Благодарен сум што денес можам да ја претставам поштенската марка посветена на стогодишноната од раѓањето на Алија Изетбеговиќ, рече генералниот директор Орхан Куртиши на денешната промоција и додаде „неговата мисла дека секој човек има право да живее во слобода и дека таа слобода е извор и на сите други универзални вредност на човештвото, како што се правда, толеранција и демокртија сé уште е жива“.
Автор на поштенската марка 100 години од раѓањето на Алија Изетбеговиќ 1925 – 2003 е Лоран Куфало од Бирото за филателија. Номиналната вредност е 36 ден, а издадена е во тираж од 6000 примероци.
Сега е добар момент да испратиме сите новогодишна честитка до своите најблиски, на која ќе биде залепена оваа поштенска марка, затоа што така може да го дадеме својот придонес кон ширењето на неговата мисла за слобода и еднаквост, потенцираше генералниот директор Куртиши.
Македонски















