Share the post "Промовирана поштенска марка по повод Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина"
По повод 8 Мај, Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, денес беше промовирана доплатна поштенска марка „Од срце“, со номинална вредност од 11 ден и со тираж од 25 000 примероци.
Бујаре Абази, генерален директор на Пошта на Северна Македонија во оваа прилика се заблагодари за долгогодишната соработка со Црвениот крст и истакна: „ Поштенската марка е мало парче хартија, но јас ќе речам, хартија со голема вредност, затоа што писмото или пакетот на кој е залепено тоа мало парче уметност стигнува таму каде ние не можеме и ја испраќа пораката која сакаме да ја пренесеме.
„Од срце“ и зедно, да бидеме хумани и да даруваме! Да го спречиме страдањето преку промовирање и зајакнување на хуманитарното право и универзалните хуманитарни принципи“.
Светскиопт ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина се прославува во чест на Анри Динан, основоположникот на идејата за движењето на Црвениот крст, кој е роден на 8-ми мај 1828 година.