Share the post "Промовирана поштенската марка „550 години од смртта на Ѓерѓ Кастриот Скендербег“"
Одредени личности во историјата, со своите дела и достигнувања оставиле силни траги во историјата на човештвото.Таков е и ликот на Ѓерѓ Кастриот Скендербег, наречен и „Идеен творец на првата Евроатланска алијанса“.
Поштенските марки имаат трајна вредност, патувајќи низ светот промовираат различни културни и историски вредности. Тие се отворена книга на мало парче хартија коишто ги спојуваат луѓето, градовите, земјите, континените и различните јазици, рече генералниот директор на Македонска пошта, г.Фаадис Реџепи, денес, на промоцијата на поштенска марка 550 години од смртта на Ѓерѓ Кастриот Скендербег, во Собранието на Република Македонија.
Затоа со право може да констатираме дека поштенските марки се своевиден амбасадор.
Од денес колекционерите на поштенски марки своите колекции ќе можат да ги збогатат со уште едно вредно филателистичко издание – поштенска марка посветена на 550 години од смртта на Ѓерѓ Кастриот Скендербег, симбол на сите слободољубиви народи на Балканот и Европа, потенцираше во своето излагање, генералниот директор Реџепи.
Поштенската марка е издадена со номинална вредност од 18 денари и тираж од 6000 примероци, а ликовното решение е на Лариса Живковска Донев.
Чествувањето на овој голем јубилеј и промовирањето на поштенската марка „550 години од смртта на Ѓерѓ Кастриот Скендербег“ е под покровителство на претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Талат Џафери, кој во своето обраќање на свечената академија истакна: „Ликот и делото на Ѓерѓ Катриоти Скендербег е тесно поврзано со сите нас кои денеска живееме на просторот на Република Македонија, односно, со вековните стремежи и борбата на Албанскиот и Македонскиот народ за слобода и самостојност. А, одговорност на сите нас кои живееме овде на Балканот е тој мир да го надоградуваме, да го шириме, и сите да се инкорпорираме во здружена Европа“.
Македонски
Shqip











