Share the post "Промовирана поштенската марка посветена на ретките болести"
Здружениетo за ретки болести “Живот со предизвици” и Македонска пошта денес ја промовираа поштенската марка посветена на ретките болести. Целта е да се влијае на јавната свест од постоењето на овие ретки болести бидејќи болеста не познава возраст, таа едноставно се појавува рече во воведното излагање генералниот директор Фаадис Реџепи, и продолжи:„ Затоа, потребата од помош теба да биде постојана и континуирана. На тој начин стануваме одговорни пред себе си, но и пред општеството. Менаџментот на компанијата почувствува дека печатењето на оваа марка трба да се реализира, но исто така, повеќе од свесни сме дека тоа е само мал придонес за потребите на Здружението. Искрено се надевам дека нашиот пример ќе го следат и други компании, со цел да влијаеме на јавната свест од постоење на овие ретки болести, потенцираше Реџепи.
За значењето на поштенската марка и проблемите со кои се соочуваат болните со ретки болести зборуваше претседателот на Здружението за ретки болести Весна Алексовска, која истакна дека ова е динствената поштенска марка во светот посветена на реките болести.
Автор на поштенската марка со номинална вредност од 48 ден. е дизајнерот од Бирото за филателија Лоран Куфало,а издадена е во тираж од 6000 примероци.