Share the post "Промовирана нова поштенска марка по повод јубилејот 50 години Кинотека на Македонија"
По повод значајниот јубилеј – 50 години постоење на Кинотека на Македонија, денес во просториите на Кинотеката беше промовирана поштенска марка.
„Почитувајќи го јубилејот, но пред се вложениот труд на генерации вработени, кои ја обликувале и сé уште ја обликуваат филмската свест и уметност, ние вработените во Македонска пошта испечативме поштенска марка „50 години Кинотека“. Вашата мисија да го чува, прикажува и контекстуализира филмското наследство и да отвора простор за современи авторски гласови и нови генерации гледачи е во интерес и на љубителите на филмскота уметност, филмофилите,но и на сегашните и идните творци на филмското платно“, истакна директорот на Секторот за поштенски операции Бојан Кереместевски.
Дизајнот на поштенската марка е на Лазо Трпков, номиналната вредност е 48 ден., а издадена е во тираж од 6000 примероци.
Македонски







