Share the post "Промовирана заедничка поштенска марка на Македонска пошта и Пошта Косово"
По потпишувањето на договорот со Пошта Косово за издавање на заедничка поштенска марка, денес на 23.03.2016 година во Приштина, Македонска пошта и Пошта Косово одржаа заедничка промоција на поштенската марка на тема ,,Планински туризам’’.
Преку оваа марка авторите ни ги претставија ретките убавини на Шар Планина, поглед од Попова Шапка во Македонија, и убавините на Брезовица во Косово.
Секоја поштенска марка во себе носи приказна претставена на едно мало парче хартија, полна со уметност, но и со можност да “патува“ насекаде низ светот носејќи одредена порака. Поштенската дејност ги надминува границите, таа претставува поврзувачки мост помеѓу различни земји и култури, рече во своето воведно излагање промовирајќи ја поштенската марка „Планински туризам“ генералниот директор на Македонска пошта г.Фаадис Реџепи и продолжи: „Со оваа поштенска марка, на туризмот на двете земји, на Македонија и Косово, им даваме поддршка и континуирана промоција.Гранциите не претставуваат пречка за реализација на заедничките активности.
Ме радува фактот што после многу кратко време од потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу двете поштенски управи, истиот се реализира. После издавањето на оваа заденичка поштенска марка ќе има низа други активности кои ќе се реализираат за заедничкото добро на двете поштенски управи и на нашите корисници.
Оваа поштенска марка нека претставува уште еден дополнителен поттик за реализација и на други проекти за меѓусебна соработка помеѓу нашите земји“, заклучи генералниот директор Фаадис Реџепи.
На промоцијата на заедничката поштенска марка свое излагање имаше и претседателот на бордот на директори на Пошта Косово г. Халит Исуфи кој потенцираше дека мисијата на филателлијата е промовирање на националните вредности и богатства, преку уметноста којашто се пренесува преку поштенските марки. Нашите две компании продолжи г.Исуфи одлучија преку поштенските марки да ги претстават убавините на Шар Планина кои може да се видат и од двете земји и заклучи:„ Денеска истовремено ја продлабочуваме соработката помеѓу нашите две поштенски управи, и се надевам дека и понатаму директорите на двете пошти ќе донесат проекти коишто се предвидени во Меморандумот за соработка потпишан во Скопје.