Share the post "Продлабочување на соработка со Поштата на Албанија и Поштата на Косово"
Врз основа на Меморандумот за соработка помеѓу поштенските управи на Северна Македонија, Албанија и Косово, во Скопје се организираше работен состанок со претставниците на поштенските управи каде домаќин беше Поштата на Сверна Македонија.
Целта на овој состанок беше продлабочувањето на соработката и размена на искуства во областа на дигитализацијата и иновацијата помеѓу трите компании.
На состанокот директорот на Поштата на Северна Македонија Ејуп Рустеми се сретна со своите колеги г. Лаерт Дурaј, управник на Пошта Албанија и извршниот директор на Пошта Косово г. Шефчет Авдија.
Дозволете ми почитувани, заедно со вас, да ги поделиме заедничките вредности како соседи, пријатели и соработници. Целта на заедничкиот работен состанок е процесот на дигитализација и иновации на услугите во поштенскиот сообраќај. На денешниот состанок даваме оригинални идеи за развој на нови поштенски производи, кои претставуваат нов концепт на работење. Ова ќе им користи на компаниите да остварат подобри резултати.
Брзиот развој на дигиталната технологија се наметнува како логичен чекор и во поштенското работење на Поштата на Северна Македонија.
Дигитализацијата на поштенските услуги претставува филозофија на развој која ќе се реализира преку многу проекти, истакна Рустеми.
Претставниците на трите пошти се согласија дека дигитализацијата и онллајн трговијата се основна можност за соработка, со оглед на тоа што онлајн трговијата бележи постојан развој, не само во регионот, туку и во светот, и ваквиот вид на соработка помеѓу поштите е од взаемен интерес.