Посета од страна на високи претставници на Тему
Share the post "Придружете ни се на објавата во живо на Списокот за 7 најзагрозени места на наследството во Европа во 2021 година на 8 април 2021 година"
Придружете ни се на објавувањето во живо на списокот зна 7 најзагрозени објекти од културното наследство во Европа во 2021 година, кој ќе се случи на 8 април 2021 година во периодот помеѓу 10:00-11:30 часот.
На овој онлајн настан ќе се претстави долго очекуваната конечна листа на 7 најзагрозени објекти од културното наследство за 2021 година.
За да го следите овој настан, потребно е да се регистрирате на следниот линк:
Во декември 2020 година зградата на Централната пошта беше избрана во потесниот избор меѓу 12-те најзагрозени места за наследство во Европа. Централната пошта беше номинирана од „Институтот за истражување на животната средина, градежништво и енергија“ – Скопје („IECE“) и е поддржана од АД “Пошта на Северна Македонија”, Министерството за култура, Институтот „Фраунхофер“ и „Др. Георги Георгиев-Консалтинг планирање, иновации и политика“ од Германија.
Програмата „7 најзагрозени“ ја води Европа Ностра во партнерство со Институтот на Европската банка за инвестиции. Исто така, има поддршка од ЕУ програмата „Креативна Европа“. Лансирана во 2013 година, оваа програма е дел од граѓанската кампања за спас на загрозеното наследство на Европа.
Related posts