Share the post "Претставници од Македонска пошта на меѓународна конференција за е – трговија во Анталија, Р. Турција"
Во периодот од 20 – 21.11.2017год. , претставници од Македонска пошта, во состав Ненад Јосевски- заменик генерален директор, Данчо Стојановски- директор на Сектор за ИТ и Ѓорѓи Кокиновски-раководител на Сектор за ИТ, учеcтвуваа на меѓународната конференција за е – трговија која се одржа во во Анталија, Република Турција, во организација на Турска пошта.
На конференцијата беа присутни претставници и од други национални поштенски оператори од различни делови на светот. Главна тема на конференцијата беше презентирањето на искуствата на Турска пошта во имплементирањето на нивната платформа за е-трговија и адресирањето на различните аспекти од процесот на е-трговија, почнувајќи од маркетинг, веб-платформа, па се до систем за плаќање и сервис за корисници. За таа цел, согласно промените на светско ниво и зголемената побарувачка на интернет нарачки, потребно е сите национални поштенски оператори да направат што поскоро дигитална трансформација на нивните услуги и сервиси.
Претставниците од Турска пошта изразија подготвеност да го споделат нивното искуство со Македонска пошта ,како и подготвеност за помош во имплементирањето на нивната платформа за е-трговија.
Крајна цел е зголемен обем на поштенски пратки од интернет нарачки, обезбедување на брза и сигурна достава на истите, автоматизација на целиот работен процес во Пошта, како и менаџирање на ризиците .