Share the post "Претставници на Словенската Пошта во работна посета на Македонска Пошта"
Денеска 17.03.2017 во официјална посета на Македонска Пошта престојуваа претставници на Словенска Пошта и фирмата ќерка на Словенска Пошта EPPS.
Генералниот директор на Македонска Пошта г-дин Фаадис Реџепи на состанокот со делегацијата од Словенија предводена од г-дин Вили Хриберник -Генерален Директор на EPPS и г-ѓа Моника Зајц -Заменик на Генералниот Директор на EPPS, истакна дека Македонска Пошта е отворена за соработка со други поштенски управи со цел на пазарот да се нудат нови услуги.
Гостите од Словенија изразија спремност за продлабочување на соработката помеѓу двете поштенски управи, во насока на пренесување на искуства па се до заеднички настап со Македонска пошта во пазарот на Македонија и регионот за услуги кои се уште не ги нуди АД “Македонска Пошта“-Скопје.
Двете страни се согласија во иднина работни групи од двете институции да ги анализариаат и операционализираат сите активности за меѓусебната деловна соработка на ниво на партнери.