Share the post "Претставници на Македонска пошта на семинар за е – трговија и поштенско царинење во Љубљана"
Презентирањето на искуствата на Словенечка пошта во решавање на проблемот со царинење на мали пратки, пред се – интернет нарачки, беше главната тена на семинарот кој се одржа од 24 до 25 август во логистичкиот центар на Словенечка пошта. Пкрај претставници од Македонска пошта на семинарот учествуваа и претставници од поштенските управи на Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, како и претставници на Финансиската управа на Словенија, Управата за индиректно оданочување на Босна и Херцеговина и Тринет информатика од Словенија.
Согласно промените на царинската регулатива на Европската Унија и барањата на универзалната поштенска услуга, Словенечка пошта во соработка со Царинската управа на Словенија развила апликација за која добила и награда – Digital Innovation of the Year 2014, на Post – Expo во Стокхолм.
Поради добрата соработка на Царината и Поштата во Словенија, а пред се поради задоволните корисници, кои сите формалности врзани за извоз и увоз на поштенски пратки ги извршуваат едноставно, по електронски пат, Европската комисија (ЕК) во соработка со Словенечката финансиска управа, во февруари 2017 год., организирала работилница во Љубљана на која учествувале над 130 луѓе од 34 држави, како и претставници од Eвропската комисија, WCO и PostEurop.
Новиот поштенски IT систем – APM ( Application for Postal manifest) т.е. Словенечкиот метод за царинење на малите интернет поштенски пратки, би се користел за царинење на поштенски пратки со вредност до 45 евра (во Словенија до 150 евра), а за пратките со поголема вредност се применува стандардната царинска процедура.
Новата апликација би придонела за :
– релоцирање на работните задачи помеѓу царинските и поштенските работници;
– намалување на комуникацијата помеѓу Царината,Поштата и примачот:
,,single window ‘’ за царинските пратки;
– систем кој овозможува директен пристап до царината;
– е – анализа на ризик;
– електронска размена на податоци;
– едноставна калкулација на царинските и поштенските давачки;
– прецизно следење на царинската процедура;
– царината се фокусира на контролата и анализата на ризик;
– одличен партнерски однос помеѓу Царината и Поштата.
Претставниците од Словенечка пошта изразија подготвеност да го споделат нивното искуство со Македонска пошта како и подготвеност за асистенцијата во имплементирањето на нивниот IT систем – APM (Application for Postal manifest).
Истоа така, предложија почести и подолги работилници во иднина, со цел усогласување на нашите поштенски процедури во царинењето на малите поштенски пратки со нивните процедури, за да се вклопат успешно во новиот IT систем.
Целта на ваквиот тип на семинари е успешно справување со растечкиот број на поштенски пратки од интернет нарачки, обезбедување на брза и сигурна достава, компјутеризација на целиот работен процес како во Пошта така и во Царина, како и менаџирање на ризиците и безбедноста на пратките.