Share the post "Претставници на Еуропа ностра и Институтот на Европска инвестициска банка во Пошта"
Во период од 29 – 31.05.2023 год. претставници на Еуропа ностра, Греам Бел и на Институтот на Европска инвестициска банка, Питер Бонд и Марио Ајмерих, одржаа работни состаноци со претставници на Пошта, чија цел е обнова на опожарената шалтер сала, која е еден од седумте најзагрозени објекти за 2021 год.
Целта на посетата е шалтер салата, која е прогласена за значајно културно наследство, повторно да се стави во функција. Поради тоа, сите засегнати страни веќе подолг период работат на усогласување на сите логистички, технички и оперативни можности како и законска регулатива, овој објект што побрзо да биде заштитен и обновен.
Осмислувањето и креирањето на можности за развој на овој долгорочен процес е заедничка цел како на домашните институции, кои ја даваат својата поддршка, така и на претставниците на Еуропа Ностра и на Институтот на Европска инвестициска банка.
Се надевам и веруваме дека сите ние заедно ќе успееме повторно да му го вратиме сјајот на овој извонреден бисер на бруталистичката архитектура и најзначаен споменик на изградбата на постземјотресно Скопје, потенцираше во своето излагање генералниот директор Бујаре Абази.