Share the post "Презентација на нов скенер за поштенски пратки – донација од Канцеларијата на ООН за дрога и криминал"
Нов скенер за поштенски пратки, донација од Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал, денес беше презентиран во ГЦПС Скопје 2 – царина. Генералниот директор Орхан Куртиши се заблагодари на претставниците на земјите донатори на опремата (САД, Франција, Велика Британија, Германија и Шведска) како и на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДЦ) во нашата држава, која е од исклучително значење за поштенското работење.
Во своето обраќање пред присутните истакна: „ Живееме во време во кое секојдневно се соочуваме со сериозни закани предизвикани од криминални мрежи, кои се вклучени во трговија со забранети супстанции, огнено оружје, дрога и сл. Од тие причини оваа донација е повеќе од важна за непречено откривање на ваквите материи и предмети, а кои може да се дел од поштенските пратки. Особена благодарност упатувам за обуката низ која поминаа нашите колеги кои ќе работат на новодонираниот скенер за детекција на огнено оружје, негови делови и компоненти, муниција и експлозиви. Вештините стекнати преку специјализираните обуки ќе им помогнат на нашите вработени кои се дел од оваа програма да го применат стекнатото знаење во пракса, заклучи Куртиши.
Соработката на Пошта и Царинската управа во проектот проектот Хермес е од регионален карактер, а во него се вклучени Албанија и Косово. Проектот кој започна во 2023 год., со потпишување на Меморандум за соработка, денес беше финализиран со донација на опрема, која ќе помогне навремено да се откријат недозволените и забранети предмети во поштенските пратки.
Македонски










