Share the post "Предновогодишното тради-ционално дружење со децата болни од ендокринолошки заболувања"
Денеска, во 11 часот, на средбата со дечињата болни од ендокринолошки заболувања, организирана во Театарот за деца и младинци, претставници на Македонска пошта доделија пригодни новогодишни пакетчиња.
Македонска пошта, оваа година се вклучи во предновогодишното тради-ционално дружење со децата болни од ендокринолошки заболувања, кое секоја година го организира Здружението на децата болни од ендокринолошки заболувања „Раст“.
Денеска, во 11 часот, на средбата со дечињата болни од ендокринолошки заболувања, организирана во Театарот за деца и младинци, претставници на Македонска пошта доделија пригодни новогодишни пакетчиња.
Според претставниците на Македонска пошта, овој хуман гест е само еден од серијата настани кои компанијата ги организира по повод претстојните празници. Тие истакнаа дека на оваа иницијатива на Здружението „Раст“ се приклучуваат оваа година по првпат, но ја прифаќаат како свое понатамошно традиционално дружење со овие дечиња и тоа не само за новогодишните празници, туку во секоја прилика кога ќе биде потребно.
„Навистина е бесценето да се видат среќните лица на овие деца. Најголемата желба која заеднички ја посакавме беше подобро здравје и брзо оздравување“, истакнаа претставниците на Македонска пошта, после денешното дружење со Здружението на децата болни од ендокринолошки заболувања „Раст“ и децата болни од ендокринолошки заболувања.