Share the post "Првата посета на Папата во Република Северна Македонија на поштенска марка"
Првата посета на Папата во Република Северна Македонија на поштенска марка
Денес,на само еден ден пред посетата која е од историско значење за нашата земја на поглаварот на Римокатоличката црква Папата Франциск на Северна Македонија, Македонска пошта освен гордоста за изразената почит со посетата на светиот отец да ја посети нашата земја, ја промовираше поштенската марка “Прва посета на Папа на Република Северна Македонија “ .
Папата Франциск првиот современик на апостолскиот збор доаѓа да го испочитуваа и името на нашата ќерќа од наша крв Гонџе Бојаџиу-Светицата Мајка Тереза.А, уште повеќе кога ја пренесува пораката на толеранција во една мултиконфесионална,мултикултурна и мултинационалана земја.
Неговото доаѓање во татковината на Светицата Мајка Тереза која стана морална совест за светот,во себе носи посебна симболика и порака за мир и солидарност.
Поштенските марки се филателистички производи кои помагаат во сознавање и проширување на видиците,особено кај младите луѓе,потикнуваат пријателства помеѓу луѓето во целиот свет и негуваат зеднички човечки вредности.А,токму тоа е и пораката на Папата Франциск,лубов,мир и соживот истакна генералниот директор на Македонска пошта,Ејуп Рустеми
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери во својот говор истакна: „Ние,иако мали со територија и со број на жители,имаме што да понудиме во градњето на еден подобар свет за сите.Ексклузивен пример за ова е нашата Гонџе Бојаџиу,светицата Мајка Тереза, која неуморно се даде себе си и своето битие да им даде утеха на сиромашните,изнамоштените и болните.
Посетата на Папата Франциск нека биде поттик за сите нас да бидеме подобри луѓе.потолерантни кон поразличните од нас,совесни претставници и посветени на народот, кои ќе бидат посветени на градењето на една подобра иднина за следните генерации“.
Благодарност по повод промоцијата на поштенската марка “Прва посета на Папата на Република Северна Македонија “изрази и бискупот на Скопје и егзархот апостолски на Северна Македонија Киро Стојанов.
Првите примероци на поштенската марка им беа подарени на Претседателот на Собранието Талат Џафери,вицепремиер на Влада Бујар Османи и бискупот на Скопје Киро Стојанов.