Share the post "Пошта низ историјатаРаботењето за Поштата за време на Илинденското востание"
02.08.2021 год.
Денес се навршуваат 118 години од Илинденското востание и воспоставувањето на Крушевската Република. Иако таа постоела само 10 дена, во рамките на нејзината организација работела и Пошта.
Првата државна пошта во Македонија била отворена од страна на турската власт во 1843 година, во градот Битола. Потоа следело отворање на поштата во Скопје во 1849 година, па во Штип 1864 година. До 1892 година, во Отоманската империја работеле 19 главни пошти. Македонија била под надлежноста на главната пошта во Солун, а потоа под таа во Приштина.
Поштенски печат на поштата во Скопје (Üsküb) кон крајот на 19 и почетокот на 20 век
Во тој период веќе работеле и телеграфски станици од кои таа во Скопје била отворена во 1899 год. Поштите и телеграфите биле организирани во заедничка установа во 1871 година.
Разгледница од Битола од почетокот на 20-тиот век
Извор: https://muzejbitola.mk/en/bitola-old-postcards/
Дописна картичка со Камениот мост во Скопје од почетокот на 20-тиот век
Извор: ebay
До 1900 година во Македонија веќе работеле следните турски државни пошти: Битола, Валандово, Велес, Гостивар, Дебар, Делчево, Дојран, Кавадарци, Кичево, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Крушево, Куманово, Охрид, Пехчево, Прилеп, Радовиш, Ресен, Скопје, Струга, Струмица, Удово и Штип.
Во востаниската 1903 година, поштата во Скопје е наименувана за главна дирекција на пошти и телеграфи која раководела со сите помали пошти во Македонија.
Но освен државната турска пошта, функционирала и илегална пошта на Внатрешната македонска револуционерна организација. За време на Илинденското востание македонската револуционерната пошта ги поврзувала главниот штаб со помалите штабови.
За време на Илинденското востание македонската револуционерната пошта ги поврзувала главниот штаб со помалите штабови.
Се претпоставува дека 17 примероци од Крушевскиот манифест кој бил напишан на македонски јазик, а преведен и на турски јазик, биле испратени во околните села.
По задушувањето на востанието во многу светски весници излегла веста за него, како и за условите во кои живееле Македонците под турско ропство.
Оваа револуционерна пошта продолжила со работа се до почетокот на Првата балканска војна во 1912 година, паралелно со државната пошта.
По повод 100 годишницата од Илинденското востание, Македонска Пошта во 2003 година издаде 3 поштенски марки:
Извор: https://www.posta.com.mk/поштенски-марки/
Извори:
- „Македонска Пошта, Македонски Телекомуникации“ – Ристо Костовски
- http://www.levantineheritage.com/pdf/Ottoman-postal-and-telegraph-services-in-the-last-quarter-of-the-nineteenth-century-Aysegul_Okan.pdf
Изработил:
Перо Блажески, дипл. етнолог и антрополог, стручен соработник во Сектор за маркетинг и продажба на АД Пошта на Северна Македонија