Share the post "Пошта низ годинитеРаботењето на Поштата по катастрофалниот Скопскиот земјотрес"
26.07.2021 год.
Денес се навршуваат 58 години од катастрофалниот Скопски земјотрес.
Малкумина знаат дека до познатата железничка станица се наоѓала и зградата на Пошта Скопје 2.
Зградата на старата Пошта 2 пред земјотресот
извор „Македонска пошта, Македонски телекомуникации“ автор Ристо Костовски)
Оваа пошта претставувала главен центар за поштенски сообраќај во Социјалистичка Република Македонија. Оваа зграда била комплетно разрушена за време на земјотресот, но тоа не значи дека процесот на работењето на поштата запрел.
Зградата на старата Пошта 2 по земјотресот
(извор „Македонска пошта, Македонски телекомуникации“ автор Ристо Костовски)
Има неколку верзии за тоа кој прв ја испратил веста за земјотресот кој се случил во 5:17 часот наутро. Некои велат дека тоа биле припадници на армијата, но според други извори, се смета дека вработените во поштата први воспоставиле телефонска врска со Приштина во 6:30 часот, оспособувајќи некои од уредите за комуникација во разурнатата зграда. Веќе во 7:30 часот тие воспоставиле врска и со Белград, но преку Приштина. Околу 9 часот истиот ден од електричниот столб пред гимназијата „Јосип Броз Тито” поштарите воспоставиле и директна врска со Белград.
Животот по земјотресот во Скопје се одвивал главно во шаторски населби каде и
Поштата бргу се приспособила кон настанатата ситуација и во шаторските населби отворила свои пунктови. Во градот се организирале 4 пошти, под шатори. За општина „Идадија” поштата била во Градскиот парк, во паркчето зад Малцинскиот театар, за општина „Кале”, во населбата „Автокоманда” за општината „Саат Кула” и во дворот на училиштето „Кузман Јосифовски-Питу” за општината „Кисела Вода”.
Поштарите прво ја носеле поштата на означените адреси, а ако пред куќите не беа адресантите, писмата ги носеле во шаторските населби, или во своите пунктови каде што граѓаните доаѓале и ги подигале своите писма и пратки.
Доставата на поштенските пратки, особено во оддалечените подрачја се вршела со бројни тешкотии. Пошторазнесувачите секојдневно поминувале десетици километри. Според евиденцијата од овој период, секојдневно пешачеле по 18 км.
Во планот за изградба на Скопје се планирале градски и приградски населби и било задолжително во новите населби да има пошти, здравни установи, осбовни училишта, како и објекти за општествена активност и културно-забавен живот.
Сите поштенски објекти кои биле разурнати за време на скопскиот земјотрес биле заменети со времени објекти – бараки во 1964-65 година.
Првата импровизирана пошта, телеграф и телефон, почнала да работи веќе на 27 јули 1963 година
Извор:
Во овој период биле поставени 1544 поштенски ковчежиња. Во просек по 1 поштенско сандаче на секои 17 квадратни километри, односно на секои 1047 жители.
Една деценија по земјотресот зградата на Пошта 2 која се наоѓала до старата железничка станица е возобновена на нова локација; во рамките на новата железничка станица се наоѓа и новата Пошта 2 според планот на Кензо Танге.
По повод 50 години оз земјотресот Македонска Пошта издаде поштенска марка.
Изработил:
Перо Блажески
дипл. етнолог и антрополог
стручен соработник во Сектор за маркетинг и продажба на АД Пошта на Северна Македонија
Извори: https://okno.mk/sites/default/files/50%20godini%20od%20zemjotresot%20vo%20Skopje_0.pdf
„Македоска пошта, Македонски телекомуникации“ автор Ристо Костовски)