Share the post "Пошта на Северна Македонија потпиша договор за соработка со АД „ЕСМ “"
Откако беше донесена одлука на Владата во октомври 2022 година, а која се однесуваше на сите органи на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост и сите други државни институции задолжително да ги користат услугите на АД „Пошта на Северна Македонија“, денес беше потпишан Договор за соработка со АД „ЕСМ“.
Со договорот, преку АД „Пошта на Северна Македонија“ ќе се одвива целиот поштенски сообраќај на АД „ЕСМ„ и сите негови подружници во однос на испраќање, пренос и достава на поштенски пратки во внатрешен и меѓународен поштенски сообраќај, комуникација со деловни партнери како и испорака на фактури за парно греење до потрошувачите во градот Скопје.
Генералниот директор Васко Стефанов ги повика сите државни институции и акционерски друштва, како и општините, да склучат договор со Пошта по примерот на АД „ЕСМ“. Системот и инфраструктурата овозможува да ги давамеуслугите коишто се бараат, со цел да јаконсолидираме компанијата.