Share the post "Пошта, дел од активностите за Светскиот ден на Црвениот крст"
Пошта, дел од активностите за Светскиот ден на Црвениот крст
Со мотото “ЉУБОВ“ денес се одбележа Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
На овој ден се потсетуваме на улогата на членовите и доброволците на организациите за спасување на животите и заштита на сиромашните низ целиот свет.
На организираната церемонија по овој повод, Македонска пошта како долгогодишен партнер и соработник на Црвениот крст, го потврди ставот дека заедно со оваа организација ќе продолжи да дава придонес на подигање на општествената одговорност.
“Чувствувам задоволство, денес уште еднаш да ја потврдиме соработката со Црвениот крст,партнер со кој зедно ја имплементираме долгогодишната соработка,и заедничкиот придонес во општеството.
Хуманоста и сопидарноста не познаваат граници,ти се универзални – да се понуди најпотребното во вистинско време и на вистински начин.Секој од нас како личност или институција треба да се соочи со предизвиците кои бараат солидарност и хуманост кон тие на кои им е најпотребно.
Посветеноста на нашата компанија кон оваа благородна цел ќе продолжи и во иднина преку традиционалната соработка со Црвен крст на Р.Северна Македонија,но најзначајно од се е благодарноста на илјадниците луѓе истакна Рустеми.