Share the post "ПОШТА ГИ ОТВОРИ ВРАТИТЕ ЗА ШТИТЕНИЦИТЕ НА ДОМОТ „11 ОКТОМВРИ“"
10-ина средношколци имаа можност од прва рака да дознаат како се како се испраќаат и примааат поштенски пратки
Штитениците на Детскиот дом „11 октомври“ од Скопје денес (21.03.2012) ја посетија АД „Македонска пошта“ и се запознаа со структурата, дејностите, начинот на работа и услугите кои ги нуди компанијата. Во просториите на подружницата Скопје 2 (кај новата железничка станица) 10-ина средношколци имаа можност да дознаат како се одвива процесот на испраќање и примање на пратките, активност што секојдневно се одвива во подружниците на институцијата ширум целата земја.
Објаснувајќи им го работниот процес на штитениците од Домот, Раководителката на секторот за маркетинг и продажба на компанијата, м-р Љиндиана Граждани изјави: „Како продолжение на општествените активности кои беа спроведувани во минатото, денес организиравме едукативна посета за децата од Домот „11 Октомври“ на дел од просториите на АД „Македонска пошта“. Сакавме да им овозможиме да стекнат едно искуство повеќе кое би можело да им користи понатаму во животот. Се надевам дека со оваа посета придонесовме да се зголеми знаењето и да се подобрат вештините на штитениците, кои би им биле неопходни доколку тие пројават желба и во иднина се вработат во оваа компанија“.
АД „Македонска пошта“ ги отвори вратите за штитениците на Домот како дел од својата програма за корпоративна одговорност, несебично поддржувајќи ја едукацијата на млади кадри кои во иднина би можеле да станат дел од од професионалниот тим во оваа компанија. Во рамки на истата програма, компанијата редовно спроведува и многу други активности како што се крводарителските акции меѓу вработените, а организира и учествува и во различни хуманитарни кампањи. Во склоп на програмата за корпоративна одговорност, неодамна беше организирана и добротворната акција меѓу вработените на компанијата за донирање на облека, обувки и хигиенски препарати во која беа собрани скоро еден тон алишта, обувки и средства за хигиена. Сите активности кои во оваа насока ги презема АД „Македонска пошта“ се со цел да се подобри состојбата во општеството и да се подигне квалитетот на животот на граѓаните.