Share the post "А.Д. Пошта на Северна Македонија го проширува своето портфолио на финансиски услуги"
Генералниот директор Јани Макрадули денес потпиша Меморандум за разбирање и Договор за членство со EUROGIRO за меѓународна соработка за зајакнување на улогата на Пошта на Северна Македонија и нејзиниот пакет финансиски услуги за спроведување на меѓународни упатници преку платформата „Финансиски супермаркет“ на EUROGIRO.
„Со овој чекор, за нашата дијаспора се отвора можност за користење на финансиските услуги преку единиците на поштенска мрежа на Пошта,рече Макрадули.
Би сакал да изразам голема благодарност до членот на Управниот одбор на EUROGIRO, Даме Дамески и до амбасадорот на Република Северна Македонија во Копенхаген, Кралството Данска, Фатон Бејта, за успешната организација и реализација на оваа посета, заклучи Макрадули.