Со оглед на тоа што авиосообраќајот по пандемијата на Ковид – 19 во голем дел е нормализиран, а со тоа и меѓународниот поштенски сообраќај, ве известуваме дека сите видови на поштенски пратки со исклучок на малите пакети и препорачани пратки до 2 кг. кои содржат предмети/стока за Соединетите Американски Држави, се примаат и се испраќаат кон сите држави во светот.
Напоменуваме дека, авиокомпаниите преку кои се транспортираат поштенските пратки, се уште вршат промени на летовите на дневна или неделна основа, па со оглед на тоа очекувани се задоцнувања во транспортот.
АД „Пошта на Северна Македонија“– Скопје нема прекин во доставувањето на пратки од меѓународниот поштенски сообраќај, односно сите пратки кои пристигнуваат во државата се доставуваат до крајните корисници.
Related posts