Потпишаниот Меморандум за соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) ќе им овозможи на студентите својата пракса да ја изведуваат во Пошта.
„Ние како компанија ја отвораме вратата за соработка со идните инженери од ФИНКИ, што е од взаемен интерес на двете институции. Системот и инфраструктурата ни овозможуваат да ги даваме услугите коишто се бараат, со цел да ја консолидираме Пошта.
Обезбедувањето на студентска пракса за студентите од ФИНКИ, стручната и професионална поддршка, не е важно само за студентите туку за нас како компанија. Следејќи ги најновите трендови во поштенскиот сектор, преминуваме кон нов концепт на работа, зголемување на продуктивноста и инвестирање во нови услуги и човечки ресурси“, рече Бујаре Абази, генерален директор на Пошта на Северна Македонија.
Ова е прв Меморандум за соработка потпишан со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.