Share the post "Потпишан Меморандум за соработка со Државниот Универзитет во Тетово"
Денес, на 07 март 2016 год., генералниот директор на Македонска пошта г.Фаадис Реџепи потпиша Меморандум за соработка со Државниот Тетовски Универзитет. Генералниот директор во оваа прилика на претставниците на Универзитетот им го честиташе 7-ми март и истакана: „Со потпишувањето на овој меморандум уште еднаш ја докажуваме општествената одговорност како компанија и менаџмент. Тоа што ме радува повеќе е што ќе им дадеме можност на студентите од овој Универзитет своите теоретски знаења да ги надоградат со практични знаења во Дирекцијата и 15-те регионални подружници на Македонска пошта, покрај 2400 вработени на целата територија на Мекедонија.
Оваа соработка ќе биде нов предизвик и за студентите на постдипломски студии од овој Универзитет и за предавачите, кои ќе можат да ги реализираат своите практични активности поврзани со поштенската индустрија.
Имајќи предвид дека во Македонија на ниво на високото образование нема насока за поштенски сообраќај, ова ќе биде од посебно значање не само за Македонска пошта, туку и за сите учесници на поштенскиот пазар, вклучувајќи ја и регулатроната институција т.е. Агенцијата за пошти“.