Денеска генералниот директор на Ад. ,,Македонска пошта’’, г. Фаадис Реџепи, во придружба на неговите соработници и раководството на Подружница Скопје 1 присуствуваа на започнувањето со работа на договорната пошта во рамките на Центарот за техничка контрола на возила ” ВИА” во Сарај.
По тој повод , директорот Реџепи изјави: “Како дел од нашите планови денес се реализира една од активностите кои се директно поврзани со подобрување на квалитетот на поштенските услуги и проширување на поштенската мрежа, со цел на граѓаните да им се овозможи полесно да ги користат услугите на Ад. ,,Македонска пошта’’.
Во рамките на Центарот за техничка контрола на возилата ” ВИА” , кој работи во индустриската зона во Сарај , а истовремено се наоѓа на патот кој ги поврзува селата од околината на општината Сарај почна со работа договорната пошта.
Исто така, жителите и фирмите од овој регион без никакви ограничувања ќе бидат во можност да ги користат поштенските услуги и платниот систем во ова пошта.
Со оваа акција Ад. ,,Македонска пошта’’ уште еднаш докажува дека таа е близу до своите клиенти и бизниси со цел да ги задоволи нивните потреби , со што истовремено се обезбедува поддршка за развој на бизнисот.
Организацијата на работа на оваа пошта се одвива во соработка со Македонска пошта и Центарот за техничка контрола на возилата “ВИА”