Share the post "Одбележување на 9-ти Октомври, Светскиот ден на поштите"
По повод 9-Октомври, светскиот ден на Поштата, а со цел да се подобри уметноста на пишаниот збор и вештините на изразување, Светскиот поштенски сојуз организира меѓународен конкурс за епистоларен состав за млади.
АД „Пошта на Северна Македонија“ во соработка со Сојузот за грижи и воспитување на децата на Република Северна Македонија го спроведува литературниот конкурс на кој учествуваат млади до 15 годишна возраст. Темата за овогодинешниот 49-ти меѓународен конкурс гласеше „Напиши порака на возрасен за светот во кој живееме“.
Жири комисијата во состав Горјан Петрески – писател, претставник на Сојузот за грижи и воспитување на деца на Република Северна Македонија, Мустафа Ибрахими – писател, универзитетски професор и Марија Таушанска Анастасовска – новинар во дневен весник Нова Македонија, ги прогласи трите најубави писма за оваа година, и тоа:
Прво место – Јана Поповска
- ООУ „Елпида Караманди“, Битола
- ментор: Сузана Петковска
Второ место – Тодор Пењушков,
- ООУ „Димката А. Габерот, Ваташа, Кавадарци
- ментор: Александра Бошков
Трето место – Ела Мустафи
- ООУ „Башкими“, Гостивар
- ментор: Фљутра Рустеми
Првонаграденото писмо на ученичката Јана Поповска беше испратено во седиштето на Светскиот поштенски сојуз во Берн, Швајцарија каде се натпреваруваше со другите млади од целиот свет.
Пошта на Северна Македонија за наградените ученици, учесници на Конкурсот обезбеди парични награди. Оваа година, за жал, поради пандемијата Пошта нема да биде во можност да ги собере наградените учениците, како што тоа го организиравме изминатите години.
На наградените ученици им се заблагодаруваме за учеството на литературниот конкурс, им ги честитаме наградите и ги покануваме да учествуваат и на Конкурсот кој Светскиот поштенски сојуз ќе го распише за следната 2021 година.