Денес по повод светскиот ден на поштите 9-ти Октомври, генералниот директор Јани Макрадули ги прими наградените ученици, им додели дипломи, посакувајќи им понатамошен успех во нивното образование.
Писмото на Бруно Ивановски од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово е избрано за најубавото писмо на Македонија и второ место во светот, на 50-от јубилеен литературен конкурс на Светскиот поштенски сојуз на тема „Напиши писмо до член од твоето семејство со искуството со Ковид -19.
Меѓународниот литературен конкурс по повод 9-ти Октомври, светскиот ден на поштите, го реализираше Пошта на Северна Македонија во соработка со Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија.
Жири комисијата во состав Горјан Петрески, Марија Таушанска Анастасовска и проф. Мустафа Ибрахими ги избраа како најдобри литературните творби на Бруно Ивановски, Стефан Петровски –. ООУ Панко Брашнаров, Велес; Арлинда Рамадани, ООУ Фан Ноли, Требош, Тетово.
Комисијата ги пофали литературните творби на Дарија Трендафиловска, ООУ „Магдалена Антова“, Куманово; Дафина Лимани – ООУ „Имри Елези“, Скопје; Михаела Мојсоска, ООУ „Круме Кепески“, Скопје; Михаела Ристова, ООУ „Синиша Стоилов, Зрновци; Елза Беќири, ООУ „Фан Ноли“, Требош, Желино.