Со награди за најдобрите пошторазнесувачи и шалтерски работници и на вработените кои работат 15 и 30 години, во Македонска пошта беше одбележан „Денот на поштенските работници на Македонија – 22 април“.
„Верувам дека за секој од нас постојат нови можности и нови предизвици, постојат многу врати кои треба да ги отвориме за да донесеме добра вест.
Почитувани колеги, Верувам дека имаме иста цел и ист предизвик, а тоа е Македонска пошта.
Затоа сакам да Ви порачам, да бидете свои, да бидете успешни и да го прифаќате предизвикот, постојано да се споредуваме со себе си, да бидеме подобри од вчера, утре подобри од денеска, затоа што наш заеднички стремеж е да креираме подобри работи за нас и за нашите корисници, и да го дадеме најдоброто од нас за доброто на компанијата“, рече генералниот директор на Македонска пошта,г. Фаадис Реџепи во своето обраќање по повод прославата на поштенските работници.