Share the post "Најмладите од детската градинка „Бисери“ во посета на Македонска пошта"
Денес Македонска пошта ги отвори вратите за најмладите од детската градинка „Бисери“. Нашите денешни другарчиња се дружеа со нивниот нов пријател, чичко поштар за кого имаа безброј прашања. Како се адресира писмо, каде треба да се испрати, дали треба да има поштенска марка, што е поштенското сандаче – беа само дел од прашањата кои му ги поставија на нивниот нов пријател, како што го нарекоа, нашиот добар пријател поштар.
Целта на ваквите дружење е да им се доближи на најмладите важноста на убаво напишаните пораки, испратени како поштенски картички или писма, правилно адресирани и испратени по пошта. Ова се дел од едукативните активности кои Македонска пошта како оопштествено одговорна компанија ги реализира во текот на целата година за децата од предшколска и школска возраст, како и за студентите кои сакаат својата пракса да ја реализираат во Македонска пошта.