Почитувани корисници
При секое испраќање на пратка која содржи стока надвор од државата, а заради проценка на ризик и забрзување на царинската постапка во одредишната земја, потребно е да пополните царинска декларација образец CN 22/23.
Царинската декларација е задолжителен царински документ што мора да се прикачи на пратките со содржина стока кои треба да се достават надвор од државата.Царинската декларација содржи информации за стоката што ја испраќате, како што е количина и детален опис на содржината, поединечна тежина на секоја стока/производ, нивната вредност, HS (Нarmonized Сodes-Усогласени Кодови) код/број (опционално), Земја на потекло на стоката и др.
Која е разликата помеѓу двете царински декларации?
За поштенски пратки чија вредност не надминува 300 DTS е потребна царинска декларација CN22, додека пак за поштенски пратки чија вредност надминува 300 DTS е потребна царинска декларација CN 23. Бројот на царинските декларации е пропишан за секоја одредишна земја.
Зошто и како треба да се пополни царинската декларација?
Царинската декларација треба да се пополи на англиски, француски јазик или на официјалниот јазик што се говори во одредишната земја. Царинската декларација треба да се пополни целосно и читко, со точни податоци по видови и вредност на стоките/ предметите што ги содржат пратките. Во спротивно, може да дојде до доцнење во отпремата на пратката и до други непријатности за примачот. Секоја невистинита или двосмислена информација во декларацијата може да доведе до парична казна за испраќачот на пратката или до запленување на пратката од надлежниот царински орган.
Воедно стоките/ предметите кои ги испраќате можат да бидат предмет на ограничувања. Затоа треба да се информирате за прописите за увоз и извоз (забрани, ограничувања, како што е карантин, ограничувања за фармацевтските производи, итн.) како и за документите (комерцијална фактура, потврда за потекло, санитарна потврда, дозвола, овластување за стоки кои подлежат на карантин (производи од животинско, растително потекло, прехранбени производи, итн.) кои евентуално би ги побарала одредишната земја.
Податоци кои треба да ги пополните на царинската декларација
CN 22
Целосното име, презиме и назив, адреса на примачот и испраќачот мора да се наведат на предната страна на пратката.
Назначен оператор: Република Северна Македонија на англиски или француски јазик;
За комерцијалните пратки, потребно е задолжително да ги пополните полињата означени со ѕвездичка (*) и да ја прикачите фактурата на надворешната страна на пратката за да и се помогне на Царината во обработката на пратките.
Наведете ја причината за извоз. („Подарок“ не е прифатлива причина за извоз на
комерцијални пратки).
(1) Да се даде детален опис и количина на содржината на пратката (генерички опис како «облека» не е прифатлив), да се прецизира видот на стоката (ако е облека кој вид на облека здолниште, панталони, чорапи итн), количината и единицата-мерка што се користи за секој предмет (на пр.«две памучни машки кошули»).
(2), (3) Да се наведе тежината и вредноста со валутата за секој предмет, на пр.CHF за швајцарски франци.
(4*) Тарифниот број од HS код (со шест цифри) се заснова на Усогласениот систем за означување и кодификација на стоки изготвен од Светската царинска организација (опционално доколку му е познат на испраќачот).
(5*) Поимот «земја на потекло» ја означува земјата од каде што потекнува стоката, на пр. земјата во која била произведена, изработена или составена.
(6), (7) Да се наведе вкупната вредност и тежина на пратката.
(8) Датумот и вашиот потпис со кој ја потврдувате вашата одговорност за пратката, односно дека информациите дадени во декларацијата се точни и дека пратката не содржи опасни предмети или предмети забранети со закон со поштенските или царинските прописи..
CN 23 (Царинска декларација, како посебен образец и како дел од образецот CР 72 за пакети)
Назначен оператор : Република Северна Македонија на англиски или француски јазик;
Во рубриките од/до: целосното име и презиме адреса на испраќачот и примачот
Телефонскиот број и е-пошта на увозникот/примачот, како и телефонскиот број/е-пошта на испраќачот.
(1)Дадете детален опис на секој предмет во пратката (на пр. „машки памучни кошули“).
Општи описи, на пр.„резервни делови“,„примероци“ или „прехранбени производи“ не се дозволени.
(2)Наведете ја количината на секој предмет и користената единица-мерка.
(3) и (4) Наведете ја нето тежината на секој предмет (во кг). Наведете ја вкупната тежина на пратката (во кг), вклучувајќи ја и амбалажата, која одговара на тежината при предавањето на пратката.
(5) и (6) Наведете ја вредноста на секој предмет, како и вкупната вредност, наведувајќи ја користената валута (на пр. CHF за швајцарски франци).
(7) и (8) Тарифниот број од HS (со шест цифри) мора да се заснова на Усогласениот систем за означување и кодификација на стоките изготвен од Светската царинска организација и внесување на истиот е иоционално. Поимот «земја на потекло» ја означува земјата од каде што потекнува стоката, на пр. земјата во која била произведена, изработена или составена. Испраќачите на комерцијални пратки се советуваат да ги обезбедат овие информации за да и помогнат на Царината при царинењето на пратките.
(9)Поштарината што и се плаќа на Поштата за пратката како и секоја друга поштарина (на пр. за осигурување) ја пресметува и заведува поштенскиот работник..
(10)Обележете го квадратчето или квадратчињата прецизирајќи ја категоријата на пратката. «Комерцијална пратка» ја означува секоја стока извезена или увезена во рамките на една пратка, без оглед дали ќе биде продадена за одредена сума на пари или разменета без паричен надомест.
(11)Прецизирајте дали содржината (растение, животно, прехранбени производи, итн.) подлежи на карантин/санитарни, фитосанитарни контроли или на други ограничувања.
(12), (13) и (14). Доколку вашата пратка е придружена со дозвола или потврда, обележете го соодветното квадратче и наведете го нејзиниот број. За сите комерцијални пратки треба да приложите фактура.
(15) Датумот и вашиот потпис со кој ја потврдувате вашата одговорност за пратката, односно дека информациите дадени во декларацијата се точни и дека пратката не содржи опасни предмети или предмети забранети со закон со поштенските или царинските прописи..