Следењето и обработката на пратки во меѓународниот поштенски сообраќај во Македонска пошта се одвива преку нов надограден IPS cloud систем, кој овозможува централизиран пристап преку интернет за вршење на услугите. За корисниците на Македонска пошта новата cloud технологија ќе овозможи побрз, побезбеден и детален пристап до поштенските услуги. Одржувањето и понатамошното надоградување на IPS системот во cloud верзија ќе биде направено од Светскиот поштенски сојуз.
IPS системот претставува ИТ алатка преку која корисниците на поштенските услуги на Македонска пошта во меѓународниот поштенски сообраќај ќе можат да го следат движењето на пратката. Овој систем е ИТ алатка на Светскиот поштенски сојуз со цел да се централизираат податоците во меѓународниот поштенскиот сообраќај.
Воспоставувањето на Cloud технологијата на Светскиот поштенски сојуз, не претставува само технолошко унапредување, туку и намалување на трошоците при чување и складирање на податоците на локално ниво. Cloud овозможува полесен пристап, централизирано решение, и безбеден начин на чување на податоците.
Особено ни е драго што Македонска пошта е прва во Европа и трета во светот што пристапува кон користење на оваа услуга од Светскиот поштенски сојуз, а во интерес на стабилно работење во меѓународниот поштенски сообраќај и за доброто на корисниците на нашите услуги.