Share the post "Мерки за справување со ширење на коронавирусот во поштенскиот сообраќај"
Мерки за справување со ширење на коронавирусот во поштенскиот сообраќај
Почитувајќи ги препораките на Светската здравствена организација, Министерството за здравство и Владата, АД „ Пошта на Северна Македонија“ – Скопје, како општествено одговорна компанија, која се грижи за своите вработени и корисници, ги ослободи од работни обврски :
- Бремените жени;
- Родителите на деца до 10 години или ученици до четврто одделение;
- Вработените со хронични заболувања согласно листата доставена од Министерството за здравство;
- Вработените кои посетиле некоја од високо или средно ризичните држави ги упати на самоизолација во траење од 14 дена;
Воедно, за вработените кои се во директен контакт со корисниците на услуги обезбеди заштитни ракавици и средства за дезинфекција.
АД „ Пошта на Северна Македонија“ донесе мерки кои се однесуваат на поштенскиот сообраќај во земјата со цел справување со ширењето на коронавирусот во Државата.
Мерките се однесуваат на заштита и грижа за здравјето и безбедноста на поштенските работници, особено за работниците кои се во директен контакт со корисниците на поштенски услуги ( пошторазнесувачи и шалтерски работници) како и на корисниците на поштенски услуги.
Притоа, АД „ Пошта на Северна Македонија“ има развиено процедура и протокол во случај на натамошно ширење на врусот, за што, вработените и корисниците ќе бидат информирани.
- Пошта на Северна Македонија ги повикува сите корисници да ги посетуваат поштите и да користат поштенски услуги само кога тоа е потребно.
- Пошта на Северна Македонија ги повикува сите корисници во интерес на здравјето на вработените и корисниците строго да се придржуваат на пропишаниот режим за влез во поштите. Во поштите може да се наоѓаат само онолку корисници колку што има оперативни шалтери, односно шалтери во функција. При тоа, корисниците треба да ја почитуваат препорачаната оддалеченост помеѓу себе. Ако сите шалтери се полни, кориниците на поштенски услуги да чекаат пред влезната врата на поштенската единица во ред. Ако е потребно, вработените во поштите, каде процесот тоа го дозволува, ќе го регулираат влезот во единицата, со препорачаната оддалеченост помеѓу корисниците.
- Во текот на наредните денови, во зависност од настанатата ситуација, Поштата ќе го прилагоди работното време на поштенските единици, а корисниците ќе се насочат кон други поштенски единици. Доколку е потребно, одредени поштенски единици ќе се затворат на пократок или подолг период.
- Сите промени ќе бидат поставени на влезните врати на поштенските единици, а овие и сите други информации ќе им бидат достапни на сите граѓани на web страната на Пошта на Северна Македонија.