Share the post "Макрадули на прва работна средба во Агенцијата за пошти"
Генералниот директор Јани Макрадули ја оствари својата прва работна средба со директорката на Агенцијата за пошти, Билјана Аврамоска Ѓореска. Макрадули и Ѓореска разговараа за имплементацијата на законската регулатива, со цел обезбедување на поголема и подобра достапност на поштенските услуги за сите граѓани, институции и правни субјекти.
Соработката со Агенцијата за пошти е приоритет , особено што АД „Пошта на Северна Макдонија“ е давател на универзалната услуга на целата територија на Државата.
Агенцијата како независно регулаторно тело има примарна задача да осигура квалитетни и рамноправни услови за одвивање на поштенскиот сообрајќај. Двајцата директори се согласија дека средбите и заедничката кординација ќе продолжат и во иднина.