Share the post "Македонска пошта ја промовираше поштеската марка „75 години од депортацијата на Евреите во Македонија“"
Денес на 05.12.2018 година во Секретариатот за Европски Прашања, Генералниот директор на Македонска пошта г.Ејуп Рустеми заедно со Амбасадорот на Државата Израел г.Дан Ориан, Заменик Претседателот на Влада за Европски Прашања г.Бујар Османи и Преседателот на Институтот за Културно и Духовно Наследство на Албанците во Македонија ја промовираа поштенската марка „75 години од депортацијата на Евреите во Македонија“.
Секоја поштенска марка во себе носи приказна претставена во едно мало парче хартија, единствениот амбасадор што ги надминува границите, времето и далечината. Со сигурност тврдиме дека оваа марка има непроценлива вредност од причина што истата носи во себе дел од тажната историја од Еврејскиот народ во Македонија и ширум светот, оваа поштенска марка е симбол на зближување на луѓето без разлика на нивната припадност и религија. Важно е да си помогнеме секаде и на секој на кој му е потребна нашата помош. Приказната на оваа поштенска марка е токму тоа заклучи Генералниот директор г.Рустеми.
Покрај Директорот на Македонска Пошта, обраќање имаше и Амбасадарот на Државата Израел г. Дан Ориан кој по повод на промоцијата на оваа поштенска марка, кажа марката веќе патува во Израел и следната недела секој од нивните министри и премиерот ќе добие писмо на кое ќе стои токму оваа марка, по повод големиот празник Ханука кој е празник на светлината и претставува потсетување на чудото што се случило при повторното осветување на Храмот во Ерусалим, ова поштенска марка ќе биде дел од многу писма кои ќе патуваат во многу домови, оваа поштенска марка останува еден значаен фактор и симболика на комуникација меѓу луѓето низ светот.
На промоцијата на поштенската марка свое излагање имаше и Заменик Претседателот на Влада за Европски Прашања г Бујар Османи. Вицепремиерот Османи потсети на прогонот на Евреите од Македонија во текот на Втората светска војна и додаде тоа никогаш да не се повтори. Според него, одбележувањето на денешниот ден претставува континуитет на нашата суштинска определба, да бидеме дел од создавањето, од негувањето и промоцијата на вредностите на кои почива западната цивилизација.
Директорот на Институтот за културно и духовно наследство на Албанците, Скендер Асани се осврна на историската вредност и значајност на оваа поштенска марка. На промоцијата Генералниот директор на Македонска пошта, г.Ејуп Рустеми подари примероци од новите поштенски марки .